Фудбал

НИ „Ф“ ОД ФАУЛ – ЕНТОНИ МАКСИМАЛНО ОШТЕТЕН, НЕЗАСЛУЖЕНО ДОБИ ЦРВЕН (ВИДЕО)

Ентони има фуриозен старт на кариерата како член на Бетис и блеска како порано во дресот на Ајакс, до вчерашниот момент кога зааботи директен црвен картон пред самиот финиш од победата над Хетафе на гости.

Ентони со одлична асистенција до Иско помогна за гостите да поведат со 1-0, а во моменти кога Бетис водеше со 2-1 и се чекаше крајот на натпреварот, бразилскиот офанзивец се пушти во опасен старт. Домашниот фудбалер доста искусно изглуми контакт, па судијата немаше избор освен да му покаже директен црвен картон на Ентони.

Исклучувањето го спречува Ентони да заигра во дуелот против Реал Мадрид следниот викенд, но ова видео може да се искористи како доказ во жалбата на Бетис да се поништи црвениот картон, бидејќи контакт не постои!

Иако делува дека Ентони го сопна противникот, на успорената снимка јасно се гледа дека нема никаков контакт за пад, а уште помалку за фаул и директен црвен картон.