ФИНАЛНО: НУЊЕЗ Е ИГРАЧ НА ЛИВЕРПУЛ
Објавено на: 13.06.2022
Потврдено и официјализирано – напаѓачот на Бенфика преминува во редовите на „црвените“ од Енфилд Роуд. Пакетот е далеку над она што Ливерпул и навивачите, како и јавноста, се навикнати да го гледаат од најтрофејната англиска екипа.

Португалскиот клуб Бенфика објави дека Дарвин Нуњез (22) ќе премине на Островот со отштета од 75 милиони евра, со дополнителни бонуси кои ќе стигнат до чиста 100-ка. Уругвајскиот репрезентативец ќе потпише верност до 2028-та година.

Додека се чека да поминат лекарските прегледи во текот на денот, да се навратиме на легендарната изјава на тренерот на Ливерпул, Јурген Клоп кој недвосмислено рече:
Се повлекувам кога ќе почнеме да купуваме играчи по 100 милиони. – беа зборовите на германскиот стратег пред 6 години.

Го урнавте клупскиот рекорд, кој го поставивте со купувањето на дефанзивецот и ваш најдобар фудбалер, Вирџил Ван Дајк од Холандија. Добредојдовте во светот на реалноста, господине Клоп. 😉