Фудбал

ФИФА НЕ ИМ ДОЗВОЛИ НА ФРАНЦУЗИТЕ ДА Ѝ ОДДАДАТ ПОЧИТ НА МАЈКАТА НА ДЕШАМП

Француската репрезентација се најде во центарот на вниманието пред натпреварот со Норвешка на Светското првенство, но не поради фудбалот, туку поради одлуката на ФИФА која предизвика бројни реакции.

Селекторот Дидие Дешам не беше со репрезентацијата во третото коло од групната фаза поради смртта на неговата мајка.

Француската федерација побара од ФИФА пред почетокот на натпреварот да се одржи минута молк во нејзина чест, но барањето било одбиено. Образложението било дека веќе е планирана минута молк поради жртвите од разорниот земјотрес во Венецуела.

Потоа Французите предложиле нивните фудбалери да настапат со црни ленти на раката, што е вообичаен начин на оддавање почит кон починато лице.

Сепак, и тоа барање било одбиено.

Според The Athletic, ФИФА не дозволила ниту еден од двата начина со кои француските репрезентативци сакале да му дадат поддршка на својот долгогодишен селектор.

Британскиот медиум испратил прашања до ФИФА за причините за ваквата одлука, но одговор сè уште нема.

Ова е уште една контроверзна одлука која предизвика критики кон светската фудбалска организација, која и за време на ова Светско првенство неколкупати се најде на удар поради своите правила и одлуки надвор од теренот.