ФИБА И НБА СЕПАК ЌЕ СЕ ЗДРУЖАТ
Објавено на: 26.10.2021
Шпанскиот весник „Марка“ најави, а кога таков медиумски великан нешто пшува, макар и во доменот на шпекулациите, сепак мора да постои вистина.
НБА и ФИБА се здружуваат и ќе формираат НБА Европа, дивизија која ќе ги собере сите најквалитетни играчи што нема да играат во северноамериканскиот НБА шампионат.
Евролига тресе клинци, комесарот Адам Силвер му пишал на Џорди Бертомеу, но со оглед на најавите дека вториот заминува од позицијата прв човек на Евролига на крајот на сезоната, многу коцки доаѓаат на своето место.

Силвер и неговиот претходник Стерн, одамна сонуваа(т) за европска НБА дивизија, на која најверојатно и доаѓа времето. Прашање е на недели или месеци, кога ќе биде објавено дека официјално ќе се формира…