ФАНТАСТИЧЕН ГЕСТ: КОРЕОГРАФИЈА ЗА ЖЕНА КОЈА 27 ГОДИНИ РАБОТИ ЗА КЛУБОТ
Објавено на: 25.04.2026
Навивачите на Гоу Ахед Иглс, уште еднаш покажаа зошто се меѓу најкреативните во Европа, приредувајќи емотивен момент кој го обиколи фудбалскиот свет.
Во ремито 0:0 против АЗ Алкмар, тие подигнаа огромно тифо посветено на Карла, вработена во пералната и опремата, која цели 27 години работи во клубот.
На тифото беше прикажана Карла со насмевка, опкружена со дресови од различни епохи, како симбол на нејзината долга и посветена служба. Пораката беше јасна, благодарност за личност која не е на теренот, но е дел од секој успех.
Емоциите беа неизбежни.
Карла не можеше да ги сокрие солзите, додека целиот стадион стана на нозе и ѝ аплаудираше. Овој гест беше изненадување, организирано непосредно пред нејзиното пензионирање на крајот од сезоната.
View this post on Instagram