Фудбал

МЕРСИСАЈД ДЕРБИ, ЗА 120-ТИ И ПОСЛEДЕН ПАТ НА „ГУДИСОН ПАРК“ (ВИДЕО)

Евертон и Ливерпул вечерва ќе го одиграат градското дерби од заостанатото 15-то коло во Премиер лигата.

Ова ќе биде 120-то и последно Мерсисајд дерби кое ќе се одигра на култниот стадион „Гудисон парк“. Во досега 119 градски пресметки на овој стадион, Евертон и Ливерпул имаат по 41 победа, а 37 средби завршиле без победник.

Целокупно, ова ќе биде 245-то Мерсисајд дерби меѓу лутите градски ривали, а дуелот е предвиден да се одигра во 20:30 часот.

Вака Евертон го одбележа овој значаен ден со објава на социјалните мрежи:

А, и од таборот на Ливерпул се збогуваат од „Гудисон парк“ со емотивно видео.