Соопштенија

СТЕФАН СИ „ЛАПНА“ PS5 PRO И ПОРАЧА: ИГРАМ ВО ЗЛАТНА КОПАЧКА ЗАТОА ШТО ДАВААТ НАЈДОБРИ ПОДАРОЦИ

Стефан е еден од нашите најверни играчи, а доказ за тоа се трите подароци кои ги собра досега во рок од 4 години. Прво беше PlayStation 4, па електричен тротинет, а сега неговото типување му ја донесе најдобрата гејминг конзола во светот, PlayStation 5 Pro!

Токму ваквите промоции и подароци се мотивот за Стефан редовно да уплаќа тикети во нашите обложувалници, па така и акцијата „Погоди Седмерец и освој PS5 Pro“ го привлече Стефан да биде редовен со тикети. Целта беше да погоди што е можно поголем коефициент со точно 7 пара, а еден од тие 7 пара да биде од Светското првенство во ракомет. Стефан погоди дури 169.81 коефициент, за кој вели дека му е првпат да погоди толку голема квота.

За да ја дознаеме неговата приказна како стигна до феноменалниот подарок, Стефан одвои неколку минути да ни раскаже:

Што те мотивира да играш во Златна Копачка?

Покрај тоа што играм редовно, гледам да сум почесто активен секогаш кога има промоции од ваков тип. Особено бев активен за претходните два подароци, ги бркав со идејата да уплатам што е можно повеќе тикети за да имам поголеми шанси да ги освојам подароците. Оваа промоција не ја почнав од почеток бидејќи се бараше најголем коефициент на добитен тикет, а јас никогаш претходно не сум погодил коефициент како овој што ми донесе дополнителен подарок. Од вкупно 4 тикети кои ги уплатив, се испостави еден од нив да е добитен со коефициент доволно голем да за бидам победник во промоцијата.

Која стратегија ја употреби кога го составуваше тикетот?

Бидејќи се бараше тикетот да има барем еден ракометен пар, најчесто типував учинок на ракометари, голови на репрезентациите и конечнни типови со хендикеп. Така стигнав до вкупниот коефициент кој беше речиси 170. Сепак, за последниот тикет играв на голови.

Имаше ли драма во некој од натпреварите кои ги чекаше на тикетот?

Знаете како, кога ќе те посака среќата, нема сила што ќе спречи да не добиеш. Последните три дуели од тикетот ми беа вистинска драма – Сасуоло во последната минута од првото полувреме даде гол за 1-0, за да влезе типот „кец во кец“. И Црвена звезда ја чекав „два во два“ со ТСЦ, а тие погодија во 96-та или во 97-ма минута за конечни 1-2. За крај, ракометното финале меѓу Данска и Хрватска ја чекав „кец со хендикеп“, кога на самиот крај на Дувњак му дадоа да постигне почесен гол и јас да бидам добитен.

Дали си активен и за моменталната акција за дополнителни 1.000 евра?

Апсолутно, оваа промоција ја бркам уште од самиот почеток. Засега сум недобитен, но еве веќе подготвив три нови тикети од кои се надевам еден ќе биде добитен и ќе има најмногу погодени парови за да зграпчам уште еден подарок.

Порака до типстерите за да играат во Златна Копачка?

Она што можам да потврдам е дека Злкатна Копачка е најредовна со промоции од ваков тип, сите подароци се одлични, а акциите кои ги нудат се навистина интересни и речиси никогаш не остануваш со празни раце. Така да, тој што сака покрај добивка да добие и нешто плус, му препорачувам да игра во Златна Копачка.

Уште еднаш му честитаме на успехот и ќе го следиме неговиот напад на некоја следна промоција, а сите останати, следете ги нашите објави и вклучувајте се во константните акции кои ги подготвуваме специјално за вас, со најдобрите подароци.