ЕНРИКЕ БАРА „ПОЛОВИНА“ БАРСА, КАТАЛОНЦИТЕ МУ ЈА ДАВААТ
Објавено на: 29.07.2023
Луис Енрике сака да го ангажира Педри во ПСЖ. Играчот не ја затвори вратата за потенцијална преселба во Франција. На Педри му се допаѓа идејата за повторна соработка со Енрике.

Како и Осман Дембеле, играчот има клаузула за раскин на договорот. Неговата цена е 110 милиони евра. Енрике побара од ПСЖ да направи се што е можно, за да го ангажира Педри.

Од друга страна, Осман Дембеле може да замине за 50 милиони евра до 31-ви јули, а во понатамошниот период неговата цена ќе скокне на веќе не толку вртоглавите 100 милиони евра.

Овие дваца играчи се дел од клучните за резултатите на каталонската гордост изминативе сезони, па нивното евентуално заминување може да се оцени како губење на „една фудбалска нога“.