Фудбал

АКО БЕКАМ ГО КУПИ ЈУНАЈТЕД, ЌЕ ГО ДОНЕСЕ ЛИ И МЕСИ?

Запрашан дали би размислил да биде вклучен во приказната, еден ден да стане сопственик на Манчестер Јунајтед, тој рече:

Сега имам многу работа овде и мојот примарен фокус е на Интер Мајами и сè што оди со таа работа. Никој не ме прашал за Јунајтед, но претпоставувам дека секоја врска со мојот поранешен клуб во таа смисла би ми значела многу. Кој знае? Ќе видиме што ќе се случи во следните неколку недели и месеци. Се надевам дека ќе биде донесена одлука и дали ќе бидам вклучен на некој начин, или не, зависи од многу фактори… Во секој случај, ќе бидам навивач на Јунајтед и ќе го правам го она што сите други го прават, доаѓајќи да го гледаат тимот на Олд Трафорд.

И тој, како огромен број навивачи на славната екипа од Театарот на сништата, се согласува дека е време семејството Глејзер да го продаде клубот.

Мислам дека е време да си заминат. И тоа е првенствено затоа што навивачите го сакаат тоа. Кога еднаш ќе ги изгубите навивачите, особено во клуб како Манчестер Јунајтед, тешко е да ги вратите. Очигледно е дека Глејзерс постигнаа многу, и финансиски и резултатски, но, има потреба од промени. Сите го видовме и сите го знаеме тоа.

Бекам се осврна и на тимот што сега го води Ерик тен Хаг.

Тоа не беше најдобро време за Јунајтед на и надвор од теренот. Доаѓањето на Ерик донесе свеж воздух. Тој мораше да донесе тешки одлуки, но тоа го направи на најелегантен можен начин и затоа ги има навивачите негова страна.