ПО КАНАВАРО, ДИНАМО НОСИ ШПИЦ ОД 50 МИЛИОНИ ЕВРА?
Објавено на: 30.12.2024
Динамо Загреб вчеравечер ја официјализира соработката со Фабио Канаваро, италијанската легенда која го замени Немања Бјелица на клупата.
Поранешниот светски шампион и единствен дефанзивец со освоена Златна топка, ќе ги води Модрите, односно Стефан Ристовски и Аријан Адеми, додека управата сега цели на освежување на екипата.
Динамо планира да го ангажира Себастијан Але, напаѓачот на Дортмунд кој моментално е позајмен на Леганес. Модрите се обидуваат исто така да го ангажираат репрезентативецот на БСК на позајмица до крајот на сезоната.
Але своевремено вредеше 50 милиони евра на фудбалскиот пазар, кога во летото 2017 година го облече дресот на Вест хем. Сепак, битката со канцерот на тестиси која Але ја победи неодамна, го оддалечи од целосно искористување на неговите квалитети, но и тоа како би бил добредојден на „Максимир“ за вториот дел од сезоната и обидот да се освои титулата на Хрватска пред Хајдук.