Фудбал

ДИЛЕМАТА НА РОНАЛДО: КАЈ МЕСИ ВО МЛС ИЛИ ВО ЕВРОПА?

Иднината на Кристијано Роналдо во Ал-Наср изгледа сè понеизвесна и се чини како да и се приближува крајот. Португалската ѕвезда, која наскоро ќе наполни 41 година, сериозно размислува да го напушти клубот во јуни, на крајот од европската сезона.

Според португалскиот весник Рекорд, Роналдо е незадоволен од начинот на кој PIF (Saudi Public Investment Fund) ја води фудбалската политика во земјата. Како резултат на тоа, тој разгледува две опции: преселба во МЛС лигата или враќање во Европа.

Португалските медиуми тврдат дека Роналдо чувствува дека Ал-Наср е запоставен во однос на ривалите на трансфер-пазарот. Додека Ал-Хилал се засили со Карим Бензема, а Ал-Итихад донесе млади европски таленти, Ал-Наср остана без звучни засилувања со големо влијание.

Роналдо верува дека ваквата политика е обид за „балансирање“ на трката за титулата, во која Ал-Наср заостанува само еден бод зад лидерот.

Како знак на незадоволство, Роналдо не настапи на последниот натпревар против Ал-Ријад, иако Ал-Наср победи со 1-0. CR7 смета дека, со оглед на неговата улога како амбасадор на Светското првенство 2034 и како клучна фигура во глобалната промоција на лигата, заслужува поголема поддршка.

Доколку заминувањето се реализира во јуни, ќе бидат можни две насоки:

– MLS, како логичен избор за завршница на кариерата, по патот на Лионел Меси
– Враќање во Европа, доколку се појави проект доволно конкурентен за неговите амбиции

За потенцијален трансфер пред истекот на договорот, заинтересираните клубови ќе мора да платат откупна клаузула од 50 милиони евра.

Едно е сигурно: приказната на Роналдо во Саудиска Арабија можеби влегува во последното поглавје.