Фудбал

НЕ Е ПАНЕНКА ЗА СЕКОГО: РИЗИКОТ НА ДЕЈВИС ДОНЕСЕ БРОНЗА ЗА УРУГВАЈ (ВИДЕО)

Алфонсо Дејвис е трагичарот на Канада откако го промаши клучниот пенал во пенал-рулетот против Уругвај во битката за трето место на Копа Америка.

Фудбалерот на Баерн Минхен ризикуваше со паненка удар од белата точка, но ја погоди гредата, што беше втор промашен пенал за Канаѓаните, а тоа значеше бронзен медал за Уругвај.

По 120 минути игра и нерешени 2-2, пеналите го донесоа победникот во малото финале во кое Уругвајците беа перфектни со 4/4 погодени обиди, додека пред Дејвис пенал промаши и Коне.