Кошарка

СКОКАА ОД РАДОСТ КАКО МАЛИ ДЕЦА: УПРАВАТА НА ДАЛАС ПРЕСРЕЌНА ШТО ГО ДОБИ ПРВИОТ ПИК НА ДРАФТОТ (ВИДЕО)

Далас маверикс ќе ја има честа да го отвори НБА драфтот годинава откако франшизата од Тексас го доби првото место по синоќешната лотарија.

Од колкав значај е првиот пик на Далас, покажа реакцијата на управата на клубот предводена од генералниот менаџер, Нико Херисон. Човекот кој веќе со месеци е на удар од критики поради трејдот на Лука Дончиќ во Лејкерс, со што го оттргна заштитното лице на франшизата.

Сега ќе има прилика да се поправи и да ги залечи раните доколку одбере добар пик, а како фаворит се истакнува Купер Флег од универзитетот на Дјук.