Фудбал

АЛ-НАСР СЕПАК НЕМА ДА БИДЕ ПОСЛЕДНИОТ КЛУБ НА КРИСТИЈАНО? ПОДГОТВЕН Е ДА СЕ ВРАТИ ДОМА

Кристијано Роналдо требаше да потпише нов договор со Ал-Наср на минимум уште една година, но од првите најави нема нови информации, а сето тоа е добар знак за Спортинг Лисабон.

Имено, клубот каде Роналдо ги направи првите чекори во сениорскиот фудбал подготвува понуда за најдобриот португалски фудбалер на сите времиња, да го врати назад дома и да му овозможи пензија во родната земја.

Според информациите на неколку португалски медиуми, Роналдо по сите изгледи ќе биде слободен играч по крајот на сезоната, а управата на Спортинг во него гледа како идеална замена за Виктор Ѓокереш на позицијата 9, кој е на излезна врата по фантастичната сезона која ја има.

Дали Роналдо ќе се откаже од арапските милиони за да игра во клубот од детството, ќе дознаеме во текот на летниот преоден рок.