Фудбал

КОЛВИЛ ГИ ПОМЕСТИ ПРАВИЛАТА НА ФИЗИКАТА (ВИДЕО)

Кое расчистување од гол линијата прво ви паѓа на памет како најспектакуларно? Веројатно она на Тијаго Силва во дресот на Челси, но од вчера може да се каже дека ова на Леви Колвил е едно од најмаркантните до сега во историјата на фудбалот.

Колвил беше единствената светла точка можеби во срамниот пораз на Англија од Грција на Вембли, со 1:2. Младиот стопер на Челси, ја исправи грешката на Пикфорд кој го остави голот празен откако излета да пресече топка, но многу снаодливо и со максимални физички напори успеа да ги помести правилата на физиката и со врвот на копачката не дозволи Грција да поведе рано во натпреврот.

И од подобар агол: