КУН АГУЕРО ГО ТУЖИ ПОРАНЕШНИОТ КЛУБ ЗА ДОЛГ ОД 3 МИЛИОНИ ЕВРА
Објавено на: 09.10.2024
Сехио Кун Агуеро, поранешниот репрезентативец на Аргентина, поднее тужба против Барселона за неисплатени плати.
Долгот изнесува три милиони евра, сума која му беше гарантирана во првата година од неговиот договор со Каталонците, пред приморано да се пензионира поради здравствени проблеми.
Агуеро потпиша за Барса во летото 2021 година, но веќе во декември истата година мораше да се пензионира откако му беше откриена срцева болест. Осигурителната компанија одбила да му го исплати долгот поради што срцевите проблеми на Агуеро биле уште од негова рана возраст.
Сепак, тој смета дека долгот од раскинот на договорот мора да се исплати во вид на обештетување, по што одлучи правдата да ја бара преку суд.
Аргентинецот запиша само пет настапи за Барса во кои постигна еден гол, додека поголемиот дел од кариерата го помина во Манчестер сити каде се прослави како еден од најдобрите напаѓачи во неговата генерација.