СИТИ ГО КРАДЕ СЕМЕНЈО НА ЈУНАЈТЕД?
Објавено на: 19.12.2025
Манчестер Сити започнал разговори со крилниот напаѓач на Борнмут, Антоан Семенјо, пренесува доброупатениот медиуми од островот: talkSPORT. „Граѓаните“ се меѓу неколкуте премиерлигашки гиганти кои размислуваат да ја активираат откупната клаузула на Ганецот, вредна меѓу 60 и 65 милиони фунти.
Покрај Сити, интерес за 25-годишниот фудбалер покажуваат и Ливерпул, Манчестер Јунајтед и Тотенхем, додека Арсенал би се вклучил во трката доколку ослободи место во нападот во јануари. До неодамна, црвените ѓаволи важеа како најзагреан фаворит за негов потпис, но вклучувањето на Сити би можело да го предомисли најдобриот играч на Борнмут во претходните две сезони.
Пеп Гвардиола моментално има проблеми со повреди во офанзивата, а дополнително е ослабен и поради обврските на дел од играчите кои ќе патуваат Африканскиот куп на нации, што го прави Семенјо атрактивна опција, особено затоа што ќе биде целосно достапен во зимскиот период односно нема да игра за Гана.
Семенјо сезонава има седум голови на 15 натпревари во Премиер лигата и е еден од најдобрите стрелци во шампионатот. Иако неодамна потпиша нов петгодишен договор со Борнмут, иднината на репрезентативецот останува надвор од Виталити, пред се поради интересот кој го прикажуваат „големците“ во Англија.