ЧЕЛСИ ОСТАНУВА БЕЗ КУЌА НА ПОДОЛГО ВРЕМЕ?
Објавено на: 13.01.2023
Лондонската екипа не може да крене глава од проблеми, сезонава. Резултатски ништо не оди според посакуваното, играчите се помалку сакаат да потпишуваат за сините и покрај тоа што се нудат и се трошат пари на големо.

Последниот проблем може да биде преселба на друг стадион, затоа што новите сопственици кои продолжија таму каде што застана Абрамович, се обврзаа да направат нов дом за Челси. Тоа ќе значи привремено отселување, кое може да трае цели пет години.

Опцијата за лондонските сини е да се урне Стемфорд Бриџ и на истата локација да се изгради нов стадион, или да се побара нова локација, што е помалку веројатно решение со оглед на базата навивачи кои се наоѓаат во еден од најбогатите лондонски квартови.

По рецептот на Арсенал и Тотенхем, Челси најверојатно ќе игра на Вембли.