БУНТ ВО РЕАЛ МАДРИД ПОРАДИ МОЖНО ЗАСИЛУВАЊЕ
Објавено на: 06.03.2026
Во Реал Мадрид би можела да се појави сериозна тензија во соблекувалната поради можно летно засилување, како што пренесуваат шпанските медиуми.
Според нив, претседателот Флорентино Перез размислува за засилувања во сите линии на тимот, а најголеми промени се очекуваат во средниот ред. Една од главните цели на кралскиот клуб е токму Родри, играчот на Манчестер Сити и освојувач на Златната топка од минатата година.
Шпанскиот репрезентативец ова лето влегува во последната година од договорот со англискиот клуб, па Реал наводно е подготвен да направи сериозен обид да го доведе на Сантијаго Бернабеу.
Сепак, според информациите на Ел Насионал, неговото доаѓање би можело да предизвика незадоволство кај дел од актуелните ѕвезди на тимот.
Наводно, Винисиус Жуниор им порачал на челниците на клубот дека ќе побара трансфер доколку Родри пристигне во Мадрид. Бразилецот, според истите извори, не ја прифатил најдобро одлуката Златната топка да му припадне токму на шпанскиот играч, а дел од навивачите на Реал исто така сметаат дека наградата требало да заврши кај нивниот ас.
Незадоволен од можниот трансфер на Родри наводно е и Едуардо Камавинга. Французинот смета дека доаѓањето на Шпанецот би значело огромна конкуренција во средниот ред и, според медиумите, има сличен став како Винисиус.
Засега нема официјална потврда за интерес од Реал или конкретна понуда за Родри, но ова не е првпат името на поранешниот фудбалер на Атлетико Мадрид да се поврзува со кралскиот клуб.
Родри во Манчестер Сити пристигна во летото 2019 година за околу 70 милиони евра. Досега има одиграно 289 натпревари, со 28 постигнати голови и 32 асистенции.