БУФОН Е КЛАСА САМА ЗА СЕБЕ
Објавено на: 19.08.2023
Има играчи кои постојано тврдат дека се најдобри и уживаат во таквите епитети, константно сакаат да се во центарот на вниманието и плачат кога не се. Но, има и такви кои се вистински луѓе.
Еден од овие вторите, е Џанлуиџи Буфон:
Им благодарам на луѓето кои ме сметаат за најдобар голман на сите времиња, но тоа не е така. Тие мислат тоа затоа што издржав долго. Но, за мене, најдобриот голман на сите времиња доаѓа од Шпанија – Икер Касиљас играше за најголемиот клуб во Европа и освои се, и со клубот и со својата репрезентација.
Неговиот учинок покажува дека е над останатите и дека е вистински лидер. Не сум освоил сè во фудбалот и мислам дека треба да ме сметаат за број 3 или 4 затоа што број 2 е Мануел Нојер. Тој исто така има освоено се на клупско ниво, како и Светско првенство.
Затоа мислам дека сум број 3, но тоа е само мое мислење.
Ќе ни недостасува на теренот пензионерот Буфон, нели?
