АЈ ШТО ЗАГУБИЈА БОДОВИ, АМА ОСТАНАА И БЕЗ СПОНЗОР?
Објавено на: 20.08.2023
„Сините“ го одиграа вториот натпревар по ред во сезоната без примарен спонзор на предниот дел од дресот. Првиот натпревар заврши со нерешено 1:1 против Ливерпул. Вториот беше пораз од Вест Хем, 3:1. Поголема драма продолжува да ги опкружува сопствениците на клубот откако Премиер лигата допрва треба да добие зелено светло на нивниот обид да најдат спонзор на предниот дел на дрес.
По преговорите со Алијанц кои пропаднаа, клубот се обиде да склучи едногодишен договор со обложувачката компанија Stake, за предниот дел од нивниот дрес, но не успеаја и тие преговори. Сините потоа се обидоа да ја добијат медиумската и телевизиска компанија Парамаунт Плус како спонзор на дресовите, но и тоа пропадна.

Тоа значи дека Челзи се сврте кон компанијата Infinite Athlete како нивен следен обид да постигне договор за главен спонзор на дресот на клубот. Во моментов не е јасно кога на Челси ќе му биде кажано дали спонзорот е дозволен или не, од страна на Премиер лигата. Останаа ли линдонските сини единствени без спонзор сезонава?