БРАТОТ НА КИЛИЈАН ДЕБИТИРАШЕ ЗА ПСЖ – КОЈ ЌЕ БИДЕ ПОДОБАР?
Објавено на: 21.12.2023
Прославениот француски репрезентативец, за кого на големо се шпекулира дека е само прашање на време кога ќе се пресели во Реал Мадрид, доби засилување во првата екипа на ПСЖ за која на вчерашниот натпревар дебитира неговиот помлад брат, Етан кој има 16 години.
Прашање е дали напаѓачот Килијан Мбапе (25) кој дебитира на 17 години за Монако, остана во ПСЖ токму поради ова или со овој потег управата се обидува да ја врати љубовта во триаголникот меѓу францускиот клуб, сопствениците на клубот и репрезентативецот на Франција?

Роден во Монтреј, Сена-Сен Дени, играчот од средниот ред Етан Мбапе израсна во фудбалско семејство, со братот Килијан и посвоениот брат Жирес Кембо Екоко. Двајцата имаат професионални фудбалски кариери. Нивниот татко е од Камерун, а мајката има потекло од Алжир.