Фудбал

ТИКИ-ТАКА БОРДО ВО ЧЕТВРТАТА ЛИГА ВО ФРАНЦИЈА (ВИДЕО)

Паднатиот француски гигант Бордо сезонава се натпреварува во четвртата француска лига, со цел постепено да се враќа кон елитата. Викендов популарните Жирондинци славеа со 3-0 против моменталниот лидер Ла Рож, а вториот погодок пред паузата од 15 минути беше мајсторски изведена акција во стилот на Барселона.

Во тики-така стил домашните фудбалери со брзи и кратки додавања брзо отворија простор за напад и стигнаа до противничкиот гол, а најлесната задача ја имаше Вилете да ја погоди празната мрежа за 2-0.