Останато

ВРТОГЛАВИ ЦЕНИ ЗА БИЛЕТИТЕ ЗА ДЕРБИТО САД – СРБИЈА

За многумина финале пред финалето, кошаркарските селекции на САД и Србија ќе се сретнат во полуфиналната фаза на олимпискиот турнир. Дека ќе биде највозбудливиот натпревар досега, потврдуваат и цените за билетите.

Имено, моментално најевтиниот билет може да се купи за 900 евра плус провизија. Што значи дека цените ќе растат, а далеку поскапи ќе бидат местата кои се поблиску до теренот.

Целото внимание ќе биде свртено кон овој дуел, кога во четврток во 21 часот дрим-тимот на САД ќе се соочи со Јокиќ и дружината.