БЕНЗЕМА ПОТВРДИ ДЕКА ЗАМИНУВА, ТРИОТО ББЦ ОДИ ВО ИСТОРИЈАТА
Објавено на: 01.06.2023
Последниот мохиканец од некогаш доминантниот и разновиден напад на Реал, го напушта Мадрид. Со тоа, на крајот на сезоната се губи и последната алка од некогашната шампионска ДНК која на стадионот Сантијаго Бернабеу донесе безброј титули во сите конкуренции.
Карим Бензема ја прифатил енормната понуда од клубот Ал Итихад од Саудиска Арабија и заминува од Реал Мадрид, за плата од 400 милиони евра за две години и амбасадорска позиција во обидот да се добие организацијата на светското првенство во 2030.

Французинот Карим Бензема, Велшанецот Герет Бејл и Португалецот Кристојано РОналдо, некогаш познати под надимакот ББЦ, палеа и жареа по светските фудбалски терени. Од оваа перспектива, дали е тоа најдоминантната напаѓачка тројка во модерната ера?