Фудбал

БЕНЗЕМА Е ВИСТИНСКИОТ КРАЛ?

Голот кој конечно пресуди во веќе познатиот исход на 1/8 финалниот реванш меѓу Реал Мадрид и Ливерпул, е погодокот на францускиот интернационалец кој е предводникот на овој Кралски клуб, кој го гледаме во улога на егзекутор во Лигата на шампионите.

Тоа е 13-от погодок на Карим Бензема на последните 8 елиминациски натпревари во елитната лига, среќна бројка за човекот кој ќе потпише договор до јуни 2024-та, јавуваат шпанските медиуми. Кошмарот за Ливерпул има рекордни 7 погодоци против црвените, во ЛШ.

Голот во 78-та минута беше вкупно 89-ти за напаѓачот на Реал Мадрид, во Лигата на шампионите. Ќе стигне ли до 100-ка, сезонава, следната или никогаш?