Фудбал

БЕЈЛ ВО РОМА, ТРЕБА ЛИ ДА ПРИФАТИ?

Велшкиот интернационалец би можел повторно да заигра под палката на Жозе Мурињо, во италијанската екипа Рома, пренесува Калчомеркато. Оваа вест силно одекна во светот на фудбалот.

Герет Бејл се изнасмеа кога на прес-конференција го прашаа дали ќе заигра за Хетафе и негираше такво нешто, но сега ситуацијата е далеку поинаква и понудата е многу подобра за него.

Главното прашање во целиот контекст е дали Жозе Мурињо ќе остане во Рома, со оглед на тоа што се појавија шпекулации дека францускиот ПСЖ е сериозно заинтересиран за португалскиот стратег.

Немања Матиќ е веќе во Рим и утре ќе оди на лекарски прегледи, кои ако ги мине, ќе потпише за Рома. Бејл и Мурињо соработуваа во Реал. Треба ли Бејл да ја прифати понудата, без оглед на се?