РИСТОВСКИ И АДЕМИ ИМААТ СОИГРАЧ ОД 100 МИЛИОНИ ЕВРА
Објавено на: 03.10.2024
Мартин Батурина блесна во ремито на Динамо од 2-2 со Монако, со асистенција и фантастичен гол заслужи да биде прогласен играч на натпреварот.
Младиот хрватски офанзивен играч за врска го привлече на себе вниманието од јавноста, а веќе извесно време е познато дека тој ќе биде следниот трансфер од кој Модрите дебело ќе профитираат.
Според тренерот Ненад Бјелица, Батурина би вредел 100 милиони евра на фудбалскиот пазар доколку би играл за Бенфика или Порто.
„Неговиот квалитет е неспоред, во блиска иднина ќе биде носител на играта во хрватската репрезентација. Одигра за 10-ка против многу квалитетен противник, а вреди колку највисоката сума што ќе ја понуди некој клуб за неговите услуги. Единствено е проблем што Батурина е Хрват и игра за Динамо, а кога би играл за Бенфика или Порто, би вредел меѓу 80 и 120 милиони евра. Да заокружиме на 100 милиони. А, вака, околу 20 или 30 милиони евра“, истакна Бјелица.
Сепак, соиграчот на Ристовски и Адеми константно напредува и максимално го користи неговиот потенцијал, па нема да биде чудо доколку Динамо успее да го продаде Батурина за двојно повеќе од неговата моментална вредност од 20 милиони евра.