Фудбал

КОГА БАРСА ТЕ БАРА, БАТАЛУВАШ ПЕНЗИЈА БЕЗ ОКО ДА ТИ ТРЕПНЕ

Барселона го официјализираше ангажманот на Војчех Шчезни до јуни 2025 година. Искусниот полски голман ја прекина кратката пензија за повторно да ги стави ракавиците на раце и да брани за шпанскиот гигант.

Шчезни доаѓа како привремено решение за капитенот Тер Штеген, кој заработи тешка повреда и ќе ја пропушти целата тековна сезона.

Со оглед на тоа дека Полјакот дојде како слободен агент, Барселона може да го регистрира Шчезни за домашното првенство, како и за Лигата на шампионите на местото од Тер Штеген.

За Шчезни ова е петти клуб во кариерата, која ја почна во Арсенал и ја продолжи во Јувентус, а во меѓувреме беше и на позајмици во Брентфорд и Рома.