Фудбал

„ФАЛА МУ НА БОГА“ – ШОКАНТЕН КОМЕНТАР НА СУДИЈА ВО ВАР-СОБАТА ЗА ПОНИШТЕНИОТ ГОЛ НА ФЕРМИН ВО ЕЛ КЛАСИКО (ВИДЕО)

Барселона ги доби сите четири Ел Класико дербија сезонава, воспоставувајќи доминација над Кралевите. Вчерашната победа беше можеби и најважна, тимот на Флик избега на врвот со 7 бода предност на три кола до крајот на шампионатот во Ла Лига.

Резултатот од 4-3 требаше да биде 5-3 доколку не интервенираше ВАР за голот на Фермин во судиското надополнување. Шпанскиот офанзивец во соло продор одлично се ослободи од противниците и ефективно ја затресе мрежата на Куртоа, меѓутоа на повторената снимка се забележа дека играчот на Барселона играше со рака во дуелот против Валверде.

Кога судијата Ернандес Ернандес ја прегледуваше снимката заедно со тимот во ВАР-собата и потврди дека ќе го поништи голот, од собата се слушна „фала му на Бога“ што голот на домаќините се поништи.

Од кои причини го кажа тоа засега останува непознато, меѓутоа фудбалската јавност во Шпанија бара да се преземе одговорност за пристрасноста на судијата.