Фудбал

АТЛЕТИКО ДО РЕАЛ: НЕ НАСМЕАВТЕ ПОВЕЌЕ ОД БАРСЕЛОНА

Трансферската сага околу Хулијан Алварез доби неочекувано продолжение, а Атлетико Мадрид реши јавно и без воздржување да му одговори на својот најголем градски ривал.

Откако Реал Мадрид официјално потврди дека испратил понуда од 150 милиони евра за аргентинскиот напаѓач, од Метрополитано стигна одговор кој брзо стана хит на социјалните мрежи.

Првата реакција на Атлетико беше кратка, но доволно јасна. На официјалните профили клубот објави пет емотикони што се смеат, испраќајќи порака дека понудата на Реал не ја сфаќаат сериозно.

Сепак, тука не застанаа.

Набрзо Атлетико објави и сатирично соопштение во кое директно му се потсмеа на својот градски ривал.

 

Официјална изјава со нашe појаснувања во врска со официјалната изјава од нашите соседи:
1. Го исекоа делот од видеото на Папата каде што тој рече дека е навивач на Атлетико.
2. Мора да сте го помешале образованието со благодарност, но не се сомневајте: не ви благодариме за ништо.
3. Немаме намера, ниту разгледуваме никаква понуда за Хулијан.
4. Ни се допаѓа како се развива комуникацијава, бидејќи нè смеете уште повеќе отколку што нè смее @FCBarcelona_es 

 

Но провокациите не завршија тука. Во дополнителна порака, Атлетико го отвори и чувствителното прашање околу младинските школи на двата клуба.

Ја користиме можноста и добрите односи со вашиот нов претседател за да видиме дали конечно ќе престанете да ни ги крадете играчите од академијата. Голема благодарност, Реал Мадрид!


Инаку, Хулијан Алварез има договор со Атлетико до 2030 година, а неговата откупна клаузула изнесува неверојатни 500 милиони евра. Поради тоа во Атлетико Мадрид не ни размислуваат за продажба на еден од најважните играчи во тимот.

Така, наместо трансфер, понудата на Реал засега донесе само нова епизода од жестокото ривалство меѓу двата мадридски клуба.