Фудбал

АРТЕТА ГО ВРЕЃАЛ КОЛЕГАТА ОД ПОРТО ЗА НЕГОВАТА ПОЧИНАТА МАЈКА?

Драмата на „Емирати“ заврши со пласман на Арсенал во четвртфиналето од Лигата на шампионите, откако Топчиите беа подобри пеналџии од фудбалерите на Порто со 4-2 во пенал-рулетот.

Цели 120 минути се играше фудбал со висок интензитет, а неизвесните 1-0 во корист на домаќините донесоа доста разгорени моменти како на теренот, така и покрај аут-линијата. Еден посебен немил момент остана во фокусот, во кој тренерите Микел Артета и Серџо Консеисао беа во главните улоги.

Наводно, за време на натпреварот Артета почнал да префрла погрдни зборови до клупата на Порто, упатени кон колегата Консеисао, а како што откри португалскиот стратег по мечот, Артета пцуел блиска личност на Консеисао, која е почината, а наводно се работи за неговата мајка.

„Артета во еден момент се сврте кон нашата клупа и почна да го вреѓа моето семејство на шпански јазик. На крајот, ситгнав до него да му кажам дека личноста која ја вреѓаше повеќе не е меѓу нас. Подобро ќе му беше да се фокусираше на неговиот тим, кој има квалитет да игра многу подобро отколку што покажа во овој натпревар“, прокоментира Консеисао по натпреварот.

Португалските медиуми се тие кои тврдат дека станува збор за починатата мајка на Консеисао, но не може да се докаже.