РОНАЛДО И АЛ-НАСР ИСПАДНАА ОД АЗИСКАТА ЛШ ПОРАДИ НЕГОВАТА УТКА НА ВЕКОТ (ВИДЕО)
Објавено на: 12.03.2024
Кристијано Роналдо ги разочара фановите на Ал-Наср по елиминацијата од Ал-Алин во 1/4 финалето од азиската Лига на шампиони.
Португалецот како прва ѕвезда на Ал-Наср е голем виновник што неговата екипа нема да продолжи во континенталното натпреварување, откако го промаши невозможното.
Одбиената топка се најде пред нозете на Кристијано, кој стоеше на само два метри од противничкиот гол, па кога се обиде од прва да ја затресе мрежата, ја испрати топката до десниот дирек и надвор од игра наместо во голот.
Роналдо во неверување се држеше за глава, натпреварот се доигра во продолженија и пенал-рулет по вкупен резултат од 4-4 во двата меча, по што гостите со 3-1 во пенал-серијата обезбедија пласман во топ 8.
Le raté incroyable de Cristiano #Ronaldo𓃵 #Ronaldo #CR7 #CR7𓃵 #CR7𓃵بث pic.twitter.com/jRWCVFQrSE
— Regissport (@regissportfr) March 12, 2024