Тенис

АЛКАРАС Е МАЈСТОР СО РЕКЕТ, НО И СО ФУДБАЛСКА ТОПКА НЕ Е ЛОШ (ВИДЕО)

Карлос Алкарас, моментално вториот светски рекет, покажа дека може да биде вешт и со фудбалска топка.

Дека се работи за талентиран тенисер кој веќе почна да гради легендарна кариера не е спорно, но Алкарас покажа дека има талент и за фудбал, па ако некогаш се одлучи да го смени спортот, нема да погреши.

Школското жонглирање и триковите ги направи како да ги вежба секој ден, како и секој друг професионален фудбалер.