АРСЕНАЛ ТРГНУВА ПО ЗАХА
Објавено на: 21.05.2021
Најдобриот играч на Кристал Палас оваа, но и претходните сезони е заситен од предизвикот во досегашниот клуб откако по него интерес покажуваат Арсенал, Тотенхем и Евертон.
Напаѓачот од Брегот на слоновата коска би сакал уште еднаш да се проба во голем клуб, откако неговата епизода во Манчестер Јунајтед заврши неславно. Најголем интерес за Заха покажува Арсенал, клуб до кој напаѓачот беше блиску пред две сезони.
Доколку дојде прилика за да можам да потпишам во еден од големите клубови, нема да размислувам премногу. Мислам дека сум на доволно добро ниво да се натпреварувам со секого и против секого. Мојот сон е да освојувам трофеи.
Покрај англиските гиганти, за 28 годиншниот Заха заинтересирани се и Баерн Минхен и Борусија Дортмунд.