Фудбал

АНГЛИЧАНИТЕ КОИ ПРОПАГИРААТ ОТВОРЕНО ОПШТЕСТВО, СЕ ВСУШНОСТ НАЈЗАТВОРЕНИ?

Џејми Карагер беше (просечен) фудбалер, а по завршувањето на играчката кариера (во редовите на Ливерпул) стана пундит, односно ТВ личност на англиската платформа на Скај ТВ, која е лидер и еден од најдобрите и најквалиетните медиумски гиганти во светски рамки.

Нема да биде интересно, ако се е розово, па затоа, од време на време, дел од оние кои ја креираат сликата за светот, знаат да ја подзапалат атмосферата:

Тоа го направи Џејми Карагер (десно на фотографијата подолу, заедно со Гери Невил во истата улога), кој напиша дека селекторорт на Англија треба секогаш да биде Англичанец. Има такви кои се согласуваат со него, но има и такви кои велат дека селекторот на Англија треба да биде добар стратег и секогаш на располагање, со цел да ја заврши работата (на селекторската позиција) како што треба.

Што за Карагер значи Англичанец? Кога ќе го расчисти тој момент, може да дискутираме за поимот Англичанец. Дали е тоа личност со Мароканско потекло, која се смета себеси за Англичанец, или личности трета генерација на луѓе со потекло од Индија кои исто така се чувствуваат Англичани, или еден Англичанец треба да има бела боја на кожата и „чиста“ ДНК до 345-то колено наназад…