ШОК: СВЕТСКИОТ ПРВАК И ВТОРИОТ ФАВОРИТ НА ЕВРОБАСКЕТОТ ОСТАНА БЕЗ СЕЛЕКТОР НА ДЕН ПРЕД ШАМПИОНАТОТ
Објавено на: 26.08.2025
Кошаркарската селекција на Германија претрпе шок на само еден ден пред стартот на Евробаскетот. Актуелните светски шампиони ќе мора да го почнат првенството без нивниот селектор на клупата, Алекс Мумбру.
Мумбру се соочува со сериозни здравствени проблеми со желудникот. Според последните информации, стратегот е хоспитализиран со акутна инфекција и не е познато дали воопшто ќе закрепне до крајот на Евробаскетот. Во негово отсуство, асистентот Алан Ибрахимагиќ ќе ја преземе обврската да ја предводи Германија на утрешното отворање во дуелот против Црна Гора.
Според нашите коефициенти, Германија е втор фаворит да ја освои европската титула зад Србија, а утрешниот меч против Црна Гора од групата Б е закажан за 15:30 часот.