ХАЛАНД ОТКРИ ЗОШТО ЈА СКРАТИ КОСАТА
Објавено на: 11.10.2026
Ерлинг Халанд откри дека промената на фризурата му донела и една неочекувана предност,, сега може многу порелаксирано да се движи низ градот, бидејќи луѓето сè поретко го препознаваат.
Напаѓачот на Манчестер сити кон крајот на август ги изненади навивачите со новиот изглед, откако се откажа од долгата руса коса по која стана препознатлив. Норвежанецот сега откри дека очекувал реакции по промената, но не и толкаво внимание од јавноста.
„Дефинитивно очекував силни реакции, но не мислев дека одекот ќе биде толку голем. Барем сега луѓето не ме препознаваат толку често, што за мене е позитивна работа“, откри Халанд во интервју за „Скај Спортс“.
И покрај промената на имиџот, неговата голгетерска форма останува непроменета. Халанд зад себе има одлично Светско првенство, на кое постигна седум гола, а и новата сезона во Премиер-лигата ја започна во препознатлив стил, со пет погодоци во почетната фаза од натпреварувањето.
Засега, промената на фризурата му донесе малку повеќе анонимност надвор од теренот, но кога ќе го облече дресот на Сити, Халанд и понатаму останува еден од најпрепознатливите и најопасните напаѓачи во светот.