Фудбал

ДЕ ЅЕРБИ ЗА ЦРВЕНИОТ КАРТОН: ТОА САКАВ ДА ГО ВИДАМ, ГО БАКНАВ БЕНТАНКУР!

Менаџерот на Тотенхем, Роберто Де Ѕерби, го изрази своето восхитување за црвениот картон на неговиот играч Родриго Бентанкур за време на ремито на Тотенхем против Манчестер јунајтед.

Тренерот призна дека го бакнал играчот од средниот ред во соблекувалната бидејќи, според него, инцидентот покажал токму таков карактер му бил потребен на неговиот тим кој се борел со проблеми.

Бентанкур беше исклучен поради удар со глава врз Лук Шо. Уругваецот реагираше агресивно откако левиот бек го турна на земја по еден старт. И покрај тоа што останаа со десет играчи, гостите од Лондон дадоа гол и освоија бод.

Го бакнав Бентанкур во соблекувалната затоа што ни требаше таква реакција, таков карактер. Фудбалот е карактер. Со 10 играчи игравме со поголема храброст и повеќе енергија. Прв пат оваа сезона покажавме дека сме тим. Многу сум среќен бидејќи го видов вистинскиот дух и карактер, изјави Де Ѕерби.