Фудбал

МУ ДАДЕ ГОЛ НА РЕАЛ МАДРИД ВО ЛШ И НЕ ЗНАЕШЕ ДЕКА ВЛЕЗЕ ВО ИСТОРИЈАТА

Абубакари Коита, играч на грчкиот клуб АЕК, испиша историја во Лигата на шампионите на УЕФА, постигнувајќи го првиот гол за Мавританија во ова натпреварување. Коита ја затресе мрежата за време на натпреварот од четвртото коло во фазата по групи против Реал Мадрид.

Со овој гол, Мавританија се приклучува на групата од шест нации чии играчи го постигнале својот прв гол во ова елитно натпреварување токму против шпанскиот гигант. Според податоците на познатата статистичка мрежа „Мистер Чип“ (Mister Chip), пред Коита, тоа им успеало на Мидо (Египет), Черевченко (Таџикистан), Сентенo (Костарика), Верпаковскис (Латвија) ​​и Тил (Луксембург).

Особено е интересно што двајца играчи од овој список го носеле дресот на АЕК Атина: Костариканецот Сентенo во 2002 година, а сега и Коита. Голот предизвика големо славје во Мавританија, бидејќи земјата сега го доби својот прв стрелец во најпрестижното клупско натпреварување во светот.