ДОНЧИЌ ТОЛКУ ГИ ЗБУДАЛЕ АМЕРИКАНЦИТЕ, ШТО ПОЧНАА ДА ГО МАВААТ СО ЧАШИ
Објавено на: 28.10.2022
На мечот со Бруклин, првата ѕвезда на Далас и во најава првата ѕвезда на НБА лигата им го испи мозокот на домашните кошаркари, но им ја загорче вечерта и на домашните навивачи кои од немоќ почнаа да фрлаат со предмети од трибините кон словенечкиот интернационалец:
FAN THROWS A CUP AT LUKA 😳 pic.twitter.com/GOM14TNnh7
— Bleacher Report (@BleacherReport) October 28, 2022
Лука Дончиќ постигна 41 поен, со 14 асистенции и со 11 скока, во победата 125:129 по продолжението на гостувањето во Њујорк кај екипата на Нетс. Кајри Ирвинг имаше 39 поени за поразените, Кевин Дјурант постигна 37 поени. Но, двајцата не можеа против Супер-Лука.