Фудбал

БЕНЗЕМА – ЛЕВАНДОВСКИ НЕ МУ Е НИ ДО КОЛЕНА

Многу скоро пред речиси сигурно да ја освои златната топка која ја доделува Франс Фудбал, Карим Бензема му покажа на светот зошто е најдобриот напаѓач во моментов и еден од последните мохиканци на старите добри робусни деветки, од времето на романтизмот во фудбалот.

Францускиот интернационалец го отвори резултатот во Ел Класико против Барселона, меч кој заврши со 3:1 на Сантијаго Бернабеу и меч кој претендира да го загуби епитетот најнеизвесен и најспектакуларен натпревар во историјата на фудбалот, затоа што последните 4 години Каталонците не знаат за битна победа против Кралевите.

Следната станица за Бензема, вечер во Париз?