Фудбал

ГВАРДИОЛА ЕДНОСТАВНО ГО МРАЗИ ЕНФИЛД

Што и да правите, не разговарајте со Пеп Гвардиола по негово гостување на најзвучниот стадион во Европа, каде настапува една од најтрофејните европски екипи – Ливерпул. Особено, кога шпанскиот стручњак ќе загуби натпревар на теренот на кој никој никогаш не се изнаиграл.

Сите се плашат од звукот на Енфилд, а тоа го покажаа и Халанд и Де Брујне и останатите војници на Гвардиола, уште еднаш. Никој не може да игра своја игра на таа трева. Ниту со интензитет, ниту со техника, ниту со стратегија – едноставно, со ништо затоа што од трибините доаѓа застрашувачки звук.

Гвардиола повторно потклекна, дури стигна и да се пресмета со главната трибинана Енфилд. Резил. Голот му беше поништен со право, повторно се изрезили кога протестираше. Сити на Енфилд има само една победа од 2003-та година, и таа беше пред празен стадион во короната.

Ако сето ова не ви кажува за што станува збор, тогаш ништо не може да ви илустрира за што зборува текстов…