Фудбал

АЛИСОН ИСПОРАЧА, САЛАХ ВОСКРЕСНА, ЌЕ СПИЕ ЛИ ВЕЧЕР ДЕ БРУЈНЕ?

Ужасниот, очајниот центаршут на Кевин де Брујне по што следеше неверојатна асистенција на голманот Алисон Бекер, односно прекрасно гол-остварување на Мохамед Салах кого го слави цел Ливерпул, го одбележаа дербито меѓу црвените и Манчестер Сити на Енфилд.

Египетскиот интернационалец беше обвинуван дека паѓа во формата, но тој врати со најбрзиот хет-трик во историјата на ЛШ за само 5 минути и сега со овој прекрасен гол. Само тројца фудбалери кои играле во дресот на Ливерпул почесто постигнувале имаат голови од Момо Салах во натпреварите со Манчестер Сити:

По голот на Салах, изгореа трибините на Енфилд. Каква атмосфера, каков клуб, каков играч! Значи ли ова дека фудбалерите на Пеп се смао луѓе, а не роботи? Значи ли ова дека лекот за Халанд кој не постигна гол, е најден? Значи ли ова разгорување на битката за титулата во Премиерлигата?