СЕ СЕЌАВАТЕ НА ЕМИСИЈАТА „ВАШИТЕ ПЕТ МИНУТИ“?
Објавено на: 11.10.2022
Даниел Зиберт има 38 години, од 2015-та е со знакот на ФИФА, член е на елитната група судии на УЕФА кои судат најзначајни мечеви во рамките на европските натпреварувања.

Не само што имаше лош ден на мечот Милан-Челси досудувајќи непостоечки пенал, туку се исправи пред натпреварот и го прекрши основното (непишано) правило во судењето – се стави себеси во преден план, го засени фудбалот, го упропасти натпреварот.
Was that a red card ??? 🤔🤔🤔#MILCHE #Tomoripic.twitter.com/9QYhpmLAWF
— MD Sports (@mda_creations) October 11, 2022
Во првото полувреме додели еден директен црвен картон и директно го оштети домашниот тим, а потоа ја накити тетратката со жолти картони во 45 минути во кои немаше НИТУ ЕДЕН сериозен фаул. Главно беа тоа жолти за приговор и за лечење комплекси.

Дали германскиот арбитар добро си ја заврши работата на дуелот од елитната лига?