ШТО ВИ КАЖУВА ЛИЦЕТО НА ФЕРГИ?
Објавено на: 02.10.2022
Да имаш, па да немаш, е најголемата еврејска клетва на сите времиња. Екипата на Сер Алекс Фергусон нема компас каде се наоѓа, последните 5 години најмалку, а можеби и од првиот ден кога тој замина во пензија.
Јунајтед беше газда во Премиерлигата кога на клупата седеше Ферги. Скоро една деценија, од 2013-та година кога тој замина, освен Жозе Мурињо не се појави стратег кој е достоен на задачата да го предводи Манестер Јунајтед.

Сезонава почна очајно, следеа неколку победи од кои една против Ливерпул и една против лидерот Арсенал, но поразот кај Манчестер Сити (6:3) покажува до каде е стигнат тимот на црвените ѓаволи.
Што ви кажува изгледот на лицето на стариот лисец? Во негово време, за вакви порази летаа глави, или најмалку копачки во глава кога некој макар и размислуваше „како што не треба“…