РЕАЛ И ГО ДАДЕ ВРВОТ НА БАРСА, ЌЕ И ЈА ДАДЕ ЛИ И ТИТУЛАТА?
Објавено на: 03.10.2022
Кралскиот клуб е најтрофејната екипа во Шпанија со 35 титули, Барселона има 26. Тоа е најголемото ривалство кое му е познато на современиот фудбалски свет.
Со победата на Барса кај Мајорка со 0:1, односно ремито на Реал со Осасуна 1:1 и промашениот пенал на Бензема при црвен картон за гостите една минута порано, Каталонците го презедоа врвот во Ла Лига.

Последните три сезони, мадриѓаните имаат две титули, односно три ако се смета и онаа на Атлетико меѓу двете на Реал. Претходно, Кралевите видоа само една во 5 години, затоа што Барса доминираше.

Барселона има 19 бода на врвот, колку што има и Реал, но има гол-разлика 19:1, а мадридската екипа има 18:7. Последните три години Барса не знаеше за битен триумф против Реал, ако го исклучиме оној кога се беше јасно, минатата сезона, а воедно и во претсезонскиот меч славеше.
Заврши ли времето на Карло Анчелоти?