Фудбал

НАЈСКАПИОТ СТАДИОН НА СВЕТОТ НА МЕСТОТО НА САН СИРО

Култниот фудбалски стадион заминува во историјата, ова е дефинитивно. Домот на Милан и Интер ќе биде срамнет со земја до 2030-та година, а на негово место ќе никне чудо на архитектурата.

Апенинските медиуми најавуваат проект вреден 1.2 милијади евра, а рушењето ќе почне во 2024-та година. Не е познато името на новиот стадион, кој сега се вика Сан Сиро кога дома игра Милан, односно Џузепе МЕаца кога дома игра Интер.

Сан Сиро бил изграден на почетокот на 20-тиот век и многупати реновиран, последен пат пред СП во Италија 1990-та година. Капацитетот му е 80.000, најголем е на Апенинскиот полуостров и еден од најголемите во Европа.

Кој е првиот натпревар кој ве потсеќа на Сан Сиро?