Фудбал

ИБРА Е САМО ИБРА: АКО ВИДАМ ПОСИЛЕН ИГРАЧ, ЌЕ СЕ ПЕНЗИОНИРАМ!

Шведскиот интернационалец има 40 години и не размислува на повлекување од фудбалот. Напровтив, сака да игра оваа и уште најмалку една сезона, во дресот на Милан.

Во интервју за Газета Дело Спорт, Златан изјави:

Јас сум арогантен, немам страв. Работам секој ден, добро сум. Сакам што побрзо да се вратам на теренот по операцијата на коленото. Потребно е трпение, тоа за мене сега е клучно.

Хм, Звонимир Бобан рекол дека треба да се повлечам. Ако видам посилен играч од себе, ќе го сторам тоа. Тоа се уште го немам видено.

Мислам дека Милан е посилен од минатата сезона. Имаме подобар тим, засилен во преодниот рок. Да не ми се допаѓа како изгледа мојот тим, немаше да бидам тука.

До кога ќе игра Златан Ибрахимовиќ? Има ли уште фудбал во него, или сега е само подвижен маркетинг?