Фудбал

СО ЗОЛЈА НА ФУДБАЛСКИ НАТПРЕВАР ВО ХРВАТСКА

Шокантна снимка излезе на социјалните медиуми поврзани со фудбалски случувања во нашето соседство.

На видеото се гледа како еден навивач испакува од золја кон фудбалерите, наводно на наптреварот помеѓу Плитвице и Соколац во Хрватска.

Станува збор за натпревар од пониските лиги во Хрватска. Иако официјалните лица на двата клуба тврдат дека такво нешто не се случило, официјални лица од фудбалскиот сојуз на Хрватска изјавиле дека покренале истрага за ова случување.